Професијата шофер по се изгледа е една од најбараните професии во последните неколку години. Еден од најголемите ланци на супермаркети во Америка Валмарт успеа да вработи 1400 шофери во текот на 2018 година, но има побарувачка за уште.
Компанијата ветува месечна плата во висина од 7 300 американски долари. Исто така, со платата ќе бидат исплатени и дополнителни бонуси во зависност од изминатото растојание на камионите.
Основната причина за побарувачката на поголем број на персонал е растот на внатрешната продажба за 3% во текот на 2018 година
Понудата на Валмарт е скоро двојно повисока од просекот за земјата, што е 3700 долари месечно. Платеното отсуство ќе биде три недели, бидејќи ќе има дополнителни квартални бонуси ако возачите добро ја извршат работата.
Comments are closed for this post.