Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс оствари средба со заменик министерот за економија, Кирил Колемишевски.
Мартенс го информираше Колемишевски за активностите на Делегацијата на германското стопанство, поддршката која ја дава Делегацијата на германските компании кои сакаат да се етаблираат на македонските пазар, како и за македонските компании кои сакаат да влезат на германскиот пазар со своите компании или услуги.
Тој говореше за редовните средби на претставниците на гермaнски, македонски и други интернационални компаниите и заменик претседателот на Владата, д-р. Анѓушев кои служат за изнаоѓање на заеднички решенија со цел подобрување на состојбите во стопанството.
Посебен акцент стави на успешниот проект за дуалното стручно образование кој втора година по ред по германски терк го спроведува Делегацијата. Дуалното стручно образование е застапено во пет градови, пет технички училишта и 10 компании. Веќе 135 ученици во земјата се решија за овој модел на едукација- соопшти Мартенс.
Колемишевски, информираше дека Владата презема активни мерки за да го намали одливот на работоспособен кадар. Исто така е направена реформа за средно образование, која ќе го подигне нивото на средното стручно образование и ќе произведува кадар подобро подготвен за пазарот на трудот.
Колемишевски покажа интерес за конкретните барања на компаниите и сферите во кои постои најголема потреба од поддршка. Сподели со Мартенс дел од планираните мерки за 2020 кои се наменети за подобрување на стопанството и конкретна поддршка на стопанствениците.
Потребата од навремено информирање на компаниите доколку се планирани одредени законски измени и нивно вклучување во процесот на изработка на законот и двајцата ја сметаат за исклучително важна, бидејќи само на тој начин ќе се преземат соодветните мерки и ќе се донесат оптимални законски одредби.
Comments are closed for this post.