Пандемијата удри врз цените на храната. Во септември во споредба со август цените на храната во светот пораснаа за 2,1 отсто, а во споредба со лани истиот месец цените се повисоки за 5 отсто. Поскапувањето на цените на храната на свој грб го почувствуваа и македонските граѓани кој секојдневно од маркетите излегуваат со полупразни кеси. Велат дека секој месец некој од основните прехранбени производи е повисок за неколку денари, а од пред една недела покачено е и маслото за јадење.
Ова го потврдија и податоците на Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО) според кој минатиот месец најмногу се зголемиле цените на растителните масла, за шест проценти во споредба со август. Освен растителните масла за 5,1 отсто пораснаа и цените на житарките, пред се поради наглиот пораст на цените на пченицата поради зголемената побарувачка и сушата што негативно влијае на сеидбата на зимската пченица во Европа. Во споредба со септември минатата година, цените на житарките се зголемени за 13,6 проценти.
Граѓаните велат дека најголем дел од платите и пензиите им одат за храна, ако продолжат да растат цените на храната ќе не можат да се прехранат.
Пандемијата удри врз цените на храната: Граѓаните секојдневно од маркетите излегуваат со полупразни кеси
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.