Европската Унија ја стави Македонија на црната листа на држави кои имаат неприфатливи даночни политики со кои нанесуваат штета на европскиот пазар. На листата главно се наоѓаат држави од карипските острови како Доминика и Панама, познати како „даночни раеви“ – места каде што се кријат пари од сомнително потекло.
Според соопштението на Европскиот Совет, Македонија е ставена на црната листа заедно со Костарика, Хонг Конг, Малезија, Катар и Уругвај. Советот ни дава рок до крајот на 2022 година да го измениме нашиот даночен модел за да го усогласиме со системот на Европската Унија. Во спротивно, на Македонија ѝ се закануваат економски санкции и казни – како што е кратење на пристап од одредени фондови на Унијата.
Црната и сивата листа на држави со сомнителни даночни системи се составува двапати во годината. Притоа, Советот ги оценува државите зависно од нивното ниво на даночната транспарентност, даночното затајување и сомнителните трансфери на средства.
Според соопштението на Советот, во Македонија од јули до септември преговарала со Европскиот Совет, и дала уверување дека ќе ги исполни бараните промени во даночниот модел, поради што е ставена на црната листа додека не го исполни ветувањето.
Comments are closed for this post.