Цената на барел сурова нафта Брент денеска падна под 70 американски долари за барел, првпат после 10 април 2018 година.

Според аналитичарите, цената на нафтата продолжува да се намалува поради зголеменото производство во САД и Саудиска Арабија, но и поради помошта што САД им ја дава на некои земји со распределба на поефтино количество на нафта откако Вашингтон ги обнови санкциите кон Иран со ембарго на увоз на нафта од оваа земја.

Цената на декемврските „фјучерси” на нафта (купопродажни договори за продажба на нафта кои треба да се реализираат во иднина) за американската „лесна” нафта се намали до 60,13 долари за барел.