Нов Зеланд стана првата земја што ја легализира заработката во  криптовалути објави „Фајненшал тајмс“. Даночната канцеларија на таа земја донесе одлука дека платите можат да се исплатат во криптовалути доколку таа виртуелна валута е поврзана со најмалку една стандардна валута.

Властите на Нов Зеланд исто така бараат избраната криптовалута да може директно да се конвертира во некоја стандардна форма на плаќање. Според Business Insider, ова му  овозможува на биткоинот, најголемата  светска криптовалута  по пазарна вредност, да служи како форма на плаќање за работниците во Нов Зеланд, кога тој нов закон влегува во сила на 1 септември.

Предлог-законот е официјално поднесен  на 7 август, а во него исто така се вели дека  во Нов Зеланд ќможе да се плаќаат и бонуси во криптовалути.

Варијантата за плаќање со криптовалути  подлежи на националниот систем за даноци  и според новиот закон, исклучени се само вработените кои не можат да ја пренесат својата заработка во виртуелна валута.

Овој потег е чекор понатаму во воведувањето на контроверзната дигитална валута во системот за секојдневно плаќање. Криптовалутите се релативно регулаторни и фактот што нивните текови не можат да се следат на стандардни начини, ги направи популарни кај анонимните набавки на Интернет.