Основачот на авиокомпанијата „Визер“ Јожеф Варади им порача на клиентите да уживаат во ниските цени на авионските билети, затоа што нема уште долго да останат толку евтини.
На конференција во Виена тој рече дека предвидува поскапување на билетите во наредната година.
Цените ќе се стабилизираат, истакна Варади.
Унгарската авиокомпанија оваа пролет се стационираше на виенскиот аеродром Швехат, но иако давачките се високи, Варади порача дека оваа нискобуџетна компанија ќе остане во главниот град на Австрија.
Варади на конференцијата говореше и за амбициозните планови за раст на „Визер“.
Comments are closed for this post.