За  една компанијата да биде успешна  мора да има оделение за односи со јавност, вели Арон Шериниан, еден од најголемите  експерти  за односи со јавноста со повеќе од две децении искуство во корпоративниот, филантропскиот и дипломатскиот сектор.    

За компанијата да биде успешна  мора да имаш односи со јавност.И  овде не станува збор  само за буџет или вработени,  се работи за пристап, и мислам дека ПР-от е пристап,  и  затоа односите со јавноста не е шлагот , туку тортата. Тоа е кој си, 76 %  од  вработените во една компанијата  велат дека работат за компанија која има мисија . И овде не се работи за доларите, туку за паметни менаџери, вели Шериниан

Шериниан , својата кариера ја почна и успешно ја изгради во американската дипломатија како шеф за комуникации на Фондацијата на ОН, а во индустријата која по самата своја природа е предизвикувачка, постигна голем успех. Во улога на глобален директор за комуникации на „Aga Khan Development Network“, игнорирајќи ја географската дистанца и разновидноста на индустриите, Шериниан изгради мостови меѓу политичките идеологии.

Тој вели дека секогаш во својата кариера ја имал истата девиза – разговор . Добрата комуникација е најважна на крајот од  ден оти тоа е основата на секоја кампања. Треба добро слушање и во моментот тоа е вистинското патување , визијата, ние ги прашуваме луѓето што сакаат, што им е важно за нив во нивнот живот.

Се се менува брзо бидејки многу работи се менуваат и технологијата ја прави поврзаноста како никогаш досега , луѓето сакаат поврзаност. Научната страна на комуникацијата не прашува да размислуваме многу за  технологијата,  уметничкиот дел пак се уште ни вели дека главна работа е  човечката комуникација. Луѓето сакаат да зборуваат со институции, брендови затоа што тоа им е важно, секоја организација мора да најде начин да разговара со луѓето , за тоа што им е важно…. Тоа е една од најважните тактики, вели екпертот.