Повисоки сметки за вода во поштенското сандаче ќе добиваат жителите на речиси сите општини во Македонија. Од Регулаторна соопштуваат дека поскапувањето на водата ќе биде од 20 до максимум 30 денари.

Комисијата предложи до каде да се движат цените, останува уште комуналните претпријатија и општините да потврдат.

Главна новина во овие реформи е тоа што покрај цените на водата за пиење кои ние ги определуваме и онаму каде што има одгледување на вода или популарно кажано канализација, сега за тоа се одредува посебна тарифа, исто така се определува посебна тарифа и за прочистителните станици“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.