Се разоткрива големата измама која ја објавиАгенцијата за храна и ветеринарство за квалитетот на млечните производи на млекарите кои ги нуделе до потрошувачите.

„Република“ дознава кои се тие млекарници.

Freepik

Млекара Милком, мешан кашкавал, млечни масти по декларација 34.5%, по анализа 30%.

Млекара Маврово, мешано сирење, по декларација 24.5%, по анализа 17.5%.

Млекара Сентис АГ тетово УХТ млеко по декларација 3.2%, по анализа 2.85%. Протеин деклариран 3.5% по анализа 3%. Павлака кисела по декларација млечна маст е 18%, по анализа 14%.

Млекара Ѓорѓиеви, козјо сирење, по декларација 23%, по анализа 16.3% млечна маст. Протеин по декларација 18.8%, по анализа 14.6%.

Млекара ПК Златибор Србија, увоз-златиборско ситно сирење по декларација млечна маст 14.3% по анализа 1.19%.

Млекара Бела фарм производ урда потекло Србија Хомоље, по декларација млечна маст 25%, по анализа 5.54%.

Млекара -Продукт бренд, кравјо сирење по декларација млечна маст 15%, по анализа 11.4%. Протеини 12%, по анализа 15%.

Тетовска млекара, мешано сирење, по декларација 23% ,по анализа 19.8% млечна маст.

Млекара Норд милк, млечна павлака со пиперка позитивна на растителни масти.