НУК со Иницијатива до Народната банка: Очекуваме делумно отпишување на обврските со кои угостителите ќе ја вратат својата финансиска кондиција

26.04.2021 / 10:26


Независната угостителска комора (НУК) достави Иницијатива до Народната банка за промена на законските акти и прописи со што ќе им се дозволи на комерцијалните банки да извршат делумно отпишување на обврските за угостителската индустрија, намалување на каматите на кредитите и репрограмирање на сите доспеани обврски (кредити, рати и камати) заклучно со 30 април 2021 година, заедно со обврските кои ќе настанат во периодот до 30 април 2022 година.

Според НУК, банките во моментов поради постојната законска регулатива не се во можност самостојно да излезат во пресрет на потребите на угостителската индустрија и да направат дополнителни одлагања на обврските односно репрограмирање на доспеаните долгови по основ на користени кредити.

-Очекуваме во најбрз рок да предложите и изработите системски решенија и правни акти со кои ќе им дозволите и ќе им препорачате на сите банки да извршат делумно отпишување на обврските, намалување на каматите на кредитите за угостителската индустрија и репрограмирање на сите доспеани обврски (кредити, рати и камати) заклучно со 30 април 2021 година заедно со обврските кои ќе настанат во периодот до 30 април 2022 година за една година со што ќе се овозможи на угостителите кои тонат во обврски да можат да се реструктуираат и да ја вратат својата финансиска кондиција како би се створиле услови да ги подмируваат редовно обврските кон добавувачите, вработените и банките, се наведува во Иницијативата испратена електронски до гувернерката Ангеловска-Бежовска.

НУК очекува Ангеловска-Бежовска да ги покани на работна средба на која детално би биле образложени потребите на угостителската индустрија.

-Веќе подолго од година дена соочени со пандемијата Ковид-19 угостителите, угостителските работници и целокупната угостителска индустрија трпи енормни загуби и штети. Поради забраните и ограничувањата на работното време, како и посебните препораки и протоколи за работа поголемиот дел на угостители не се во можност да остварат доволно приходи со кои можат навремено и целосно да ги подмират своите обврски вклучувајќи ги и инвестициските обврски за кои угостителите се корисници на краткорочни и долгорочни кредити во повеќе македонски банки во износ на скоро 100 милиони евра. Покрај угостителите и угостителските работници имаат преполовени или се останати целосно без своите редовни приходи, пишува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.

Јосифовски додава дека во изминатиот период дел од банките излегоа со парцијални решенија за репрограмирање на обврските на угостителите и угостителските работници.

-За жал, никој од нас не очекуваше дека КОВИД-пандемијата ќе трае толку долго за што понудените периоди на одлагање на доспеаните обврски и нивното репрограмирање истекоа. Голем дел од нас се во ситуација од ликвидни и солидни да станат неликвидни фирми, со зголемени обврски по разни основи, вклучувајќи ги и обврските по основа на користени краткорочни и долгорочни кредити, наведува Јосифовски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Јавниот долг 59,6 проценти од БДП

пред 1 ден
Економија

Решен проблемот со превозниците, ЕУ ќе ги третира како професионалци

пред 2 дена
Економија

2131 работници работат на сите автопати

пред 2 недели
Економија

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос

пред 2 недели
Економија

„Оне Македонија телекомуникации“ стана трет мобилен оператор

пред 3 недели
ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА

Николовски: Наплативме 105 милиони евра повеќе споредбено со 2024 година

пред 3 недели
Економија

Се зголемува увозот на половни електрични и хибридни возила

пред 3 недели
Економија

Мицкоски: Владините политики за раст на економија ги дадоа резултатите, по години на застој прв пат имаме реален раст на БДП од 3,5%

пред 3 недели
Економија

Бислимовски: Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне

пред 1 месец
Економија

Мицкоски до Филипче: Тоа што вие го оставивте како Влада во енергетскиот сектор катаклизма е комплимент

пред 1 месец