Фирмите и земјоделските задруги ќе можат до 14 јануари да аплицираат за новиот повик од ИПАРД 2 програмата преку кој ќе обезбедат финансиски средства за отворање на нови или осовременување на постоечките капацитети за преработка на млеко, месо, овошје, зеленчук, житарици и нивни преработки.
За оваа намена се обезбедени 13,2 милиони евра од кои 75 отсто од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој ИПАРД 2014-2018, а 25 отсто од Буџетот на Република Македонија.
Празните апликации нема да се обработуваат се со цел да се забрза процесот на обработка на документацијата и да се обезбеди побрзо склучување на договорите. Затоа апелирам сите кои ќе аплицираат согласно Упатството, кое денеска ќе биде објавено, да ги достават сите потребни документи кои се бараат, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на прес-конференција во Владата.
Средствата што фирмите и земјоделските стопанства ќе ги инвестираат, ќе им се вратат во висина од 50 проценти од вкупната инвестиција по завршувањето на целиот инвестициски циклус.
Корисниците на оваа мерка ја завршуваат инвестициската програма со сопствени средства, а повратот на средства следува кога опремата ќе биде набавена и ставена во функција и кога ќе биде извршена контрола од страна на Агенцијата, појасни директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
Заинтересираните ќе треба да достават барање, деловен план и придружна документација преку пошта или лично на писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Со цел поголема информираност за оваа мерка, Министерството и Агенцијата ќе организираат 33 информативни сесии и шест регионални средби со бизнис заедницата.
Со првиот повик од ИПАРД 2 програмата потпишани се околу 940 договори во вредност од околу 18 милиони евра. Во текот на следната година, како што најави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се очекува да се заврши и акредитацијата за новата мерка за рурална јавна инфраструктура со која општините ќе имаат можност да аплицираат за рурален развој
Comments are closed for this post.