НЛБ Банка поради пандемијата со коронавирусот воведе нова услуга за лична достава на обновените дебитни и кредитни картички.
Во периодот до 31 мај, како што информираат од банката, доставата на картичките ќе биде на адреса на клиентите без никаков надоместок.
Клиентите кои сакаат да ја искористат оваа можност, потребно е да поднесат електронско барање за достава на картичката преку веб страницата на Банката www.nlb.mk.
– Апелираме до сите наши клиенти да се грижат за своето и здравјето на другите и да ги минимизираат посетите на експозитурите. Ве охрабруваме да аплицирате за достава на обновените картички по пошта и на овој начин заеднички да придонесеме да се избегне зголемената фреквенција во експозитурите. НЛБ Банка со низа различни мерки секојдневно прави напори за да ги заштити своите клиенти и вработени. Затоа апелираме заради заштита на здравјето доследно да се почитуваат превентивните мерки од НЛБ Банка и Министерството за здравство“, велат од Банката.
Comments are closed for this post.