Влезот во НАТО и ЕУ значи повисоки откупни цени, сигурен пласман, зголемени европски субвенции, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски при денешната посета на Демир Капија. Според Николовски Македонија се наоѓа во еден од клучните моменти, пред одлуката што ќе значи евроатлантско интегрирање кое, пак, ќе овозможи подобра економија и подобри денови за земјоделството. Николовски говореше и за субвенциите за лозарите.
Оваа година преку Програмата за директна поддршка определивме и 20 отсто зголемени субвенции за сите што имаат еден до десет хектари лозов насад. Воведовме нови мерки и политики, меѓу кои најзначајната е дополнителна поддршка од 12.000 денари за промената на сортиментот на лозовиот насад, но оваа година е значајна и по тоа што нема никакви долгови од страна на винариите кон лозарите за откупеното грозје од ланската реколтата. Имаме и историски највисока цена од 13,67 денари за откупен килограм грозје
Comments are closed for this post.