По скратена постапка, Собранието на Р. М ги донесе измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, а предложени од група пратеници од владејачкото мнозинство.
Со измените се предвидува да не може да се додели концесија за експлоатација на минерални суровини за постапки со лужење или флотација на металични минерални суровини со цијаниди или со сулфурна киселина во рудници со отворен коп.
Исклучок се концесиите за експлоатација на металични минерални суровини на веќе постојните рудници.
Измената и дополната на Законот за минерални суровини се предлага заради долгорочна заштита на животната средина и здравјето на населението кое живее во близина на наоѓалишта на минерални суровини и рудници и за да се спречи примена на технологии што користат опасни супстанци.
Comments are closed for this post.