Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка со која се пропишува даночниот орган да не издава решенија за присилна наплата кон даночните обврзници за даночните долгови кои се доспеани во месеците мај и јуни, како и за останатите даночни долгови за кои не е поведена постапка за присилна наплата до моментот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила.
-Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за да се овозможи зајакнување на сигурноста и одржливоста при поддршката на компаниите кои претрпеле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот КОВИД-19 усвоени од страна на Владата на Република Северна Македонија. Со истата се пропишува даночниот орган да не издава решенија за присилна наплата кон даночните обврзници за даночните долгови кои се доспеани во месеците мај и јуни како и за останатите даночни долгови за кои не е поведена постапка за присилна наплата до моментот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила, информира владината прес-служба.
На оваа седница е изменета и дополнета Уредбата со законска сила за примена на Законот за стечај за време на вонредна состојба, со која се регулира примената на Законот за стечај за време на траењето на вонредната состојба, при што е уредено дека наместо да важи три месеци по престанувањето на вонредната состојба, истата да се применува до 30 јуни 2020 година.
Comments are closed for this post.