Џеф Безос, најбогатиот човек на светот  тврди дека ова се три клучни  стратегии за продуктивност. Тој  советува: Имајте доволно спиење, не закажувајте состаноци пред 10 часот наутро и донесувајте само неколку одлуки на ден.

Безос е основач и извршен директор на „Амазон“, тој исто така е сопственик на „Вашингтон пост“ и основач на фонд вреден 2 милијарди американски долари, за да им помогне на бездомните семејства и да создаде нова мрежа на предучилишни установи во области со ниски приходи.

Мислевте дека Безос започнува  со работа пред зори, има повеќе од 10 состаноци на ден и носи  важни одлуки секоја недела. Вистината е всушност различна, пренесува Investitor.me.

Студиите покажуваат  дека  добариот сон ни помага да размислиме појасно, подобро да  ги запамтиме информациите  и да носиме подобри одлуки.  Кога не добиваме  доволно квалитетен сон, тоа ни ја загрозува нашата „извршна функција“ – збир на способности потребни за добро извршување на задачите во училиште, на работа и во други области од секојдневниот живот.

Безос оди во кревет рано за да си обезбеди  осум часа спиење, затоа што како што вели,  тогаш мисли подобро, има повеќе енергија и  подобро е расположен.

За разлика од директорите  кои денот го започнуваат зори, Безос сака да го започне утрото со шолја кафе, весник и појадок со семејството.

За некои, ова изгледа како целосно губење време, но Безос така се подготвува за денот. Она што е уште поинтересно е што тој претежно ги завршува средбите со ручек.

Како извршен директор, Безос изјави дека негова примарна работа е да носи мал на број, но  квалитетни одлуки. Тоа не значи дека одлуките ги носи споро, туку смета дека за одржување на енергијата и динамиката во компанијата морате да донесете одлуки со висок квалитет, релативно брзо , што е доста едноставно за старт ап, а многу предизвикувачки за голема компанија.

„Ако донесам три добри одлуки на ден, тоа е доволно“, рече тој.

Затоа Безос работи на тоа да носи клучни одлуки со кои компанијата ќе оди напред, па затоа еднаш изјави

Иако Амазон е голема компанија , сакам да има срце и душа.