Навикнато на провизии антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ измислува лаги, на општините им се помага да ги вратат долговите направени токму од нивното криминално владеење, реагира Социјалдемократскиот сојуз преку соопштение, по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Навикнато на провизии, договорени тендери, криминални интереси и сомнителни зделки, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ измислува наводни скандали и конструира лаги за мерката со која им се помага на општините да се справат со долговите. Најголемиот дел од долговите на општините се оставени токму од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите на граѓаните наместо на реални проекти се трошеа за споменици, луксузи, непродуктивни трошоци и криминални тендери. Со предвидената мерка, ќе им се помогне на општините да ги намалат долговите, но истовремено ќе се создаде механизам преку кои во иднина ќе се спречи радикално задолжување и нереално планирање на буџетите на општините“, се вели во реакцијата.
Comments are closed for this post.