Првиот човек на Финансиската полиција, Арафат Муареми во емисијата 24 анализа рече дека секогаш кога се работи за јавните пари секогаш постои ризик на корупција. Делот на корупцијата постои при давање, доделување и оформување на јавните набавки кои се дадени од буџетските фондови и дека тие како финансиска полиција ги следат тие појави.
Нашата цел е да се утврди одговорност при доделување на јавните набавки во самата постапка и секој бара кај завршуваат пари. Не секогаш парите завршуваат во државата, туку и се прелеваат надвор до земјата кога се работи за одредени провизии и проценти на доделувањето на договорот на јавни набавки и голем дел од корупцијата доаѓа од тоа.“ – вели Муареми.
Во врска со случајот Еуростандард банка, Муареми рече дека постапуваат по наредба на јавното обвинителство. Кога почнале да истражуваат во самата банка и добиените банкарски сметки на одредени фирми, со дадени ризични кредити, утврдиле голема мрежа, дека не се 140 фирми, туку повеќе. Во врска со обвинувањата на опозицијата дека 29 фирми се од Струмица и наводите од власта дека дел од фирмите кои биле кредитирани без покритие се поврзани со Мицкоски, Муареми вели дека во сите тие фирми на утврдиле дека се сопствениците се високи функционери, но не може да се каже дека имало само од Струмица.
Од целата територија, има фирми кои се дел од тие кредити без покритие и сме на добар пат да докажеме каде завршиле парите. Веќе почнавме предистражна постапка за две-три банки кои постапувале на случен, но не ист начин.“ – вели Муареми.
Разликата од Еуростандард банка е во тоа што овие банки го искористиле заложното право, однсосно ги искористиле кредитит од самата банка за купување на акции за сопствени потреби на сопствениците на тие банки со парите на банкките.
Comments are closed for this post.