Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставници од Министерството денеска имаа работен состанок со членовите на Македонската банкарска асоцијација. На состанокот пред банкарите беше презентиран новиот Закон за практиканство, што е во сила од крајот на минатата година и можноста за негова примена во банкарскиот сектор.
На иницијатива на стопанските комори направивме законска рамка со којашто се дава простор компаниите да ангажираат невработени лица на практична работа. На овој начин ја зголемуваме вработливоста на младите лица, но и можноста за избор на квалитетен кадар, рече министерката Царовска на состанокот.
Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација рече дека Законот дава можност за опфаќање и на среднистите за дел од работните места со кои во моментот банкарскиот сектор се соочува со недостиг како што е ИТ кадарот.
Со Законот за практиканство се дава можност за работно ангажирање на сите лица кои не се во работен однос, а имаат завршено најмалку основно образование и се на возраст до 34 години.
Законот овозможува платена практична работа во траење од 6 месеци. Во првите три практикантите добиваат добива надосместок од околу 5.000 денари, а во следните три месеци надоместокот е во висина на минимална плата.
Comments are closed for this post.