Извозот на автомобилски компоненти е драстично намален, да државата треба стратешки да размислува за пост- кризните сценарија, вели во интервју за порталот Извоз.мк, Виктор Мизо- генерален директор на Костал и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство.
Автомобилската индустрија ќе биде најпогоденa од последиците на пандемијата, веднаш по транспортот и туризмот. Значи нема да е воопшто сјајна иднината и за компаниите со напредно производство во Македонија. Бројките за падот на македонскиот извоз на автомобилски компоненти за месец Април драстично ке биде намален, но поважно е да се прогнозира дека за цела година падот би бил некаде околу 25% под планираното,вели Мизо.
Државите, потенцира Мизо, се најповиканите чинители во овои критични времиња. Пред се, мора да се земе во предвид дека сите компании и сите сектори не се исто погодени, и треба различно да се третирани од гледна точка на подршка и значење за економијата и идниот развој на државата. Затоа, од страна на големите компании – извозници беше предложен соодветен пакет за дополнителна помош специфичен за нив, како што е случајот и во некои наши соседни земји, вели Мизо.
Comments are closed for this post.