Власта на чело со СДСМ повторно го покажа своето лицемерие кон пезионерите. На денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика пратениците на СДСМ гласаа против предлог законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата“, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска.
Таа појасни дека со нивниот предлог закон се предвидува враќање на старата методологија за усогласување на пензиите, со цел пензионерите да добијат вистинско покачување на пензиите.
Со одбивањето на ова законско решение СДСМ уште еднаш го покажа своето вистинско лице. СДСМ ветуваше зголемување на пензиите, но наместо тоа пензионерите добија единствено усогласување на пензиите, но не и реално зголемување“, рече Митовска и додаде:
Денеска СДСМ им го скрати правото на поголеми пензии на повеќе од 310.000 корисници на пензија. Денеска пратениците на СДСМ уште еднаш ги ставија партиските интереси пред интересите на пензионерите. ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинтвото на пензионерите во истиот момент кога оваа ненародна власт на СДСМ и Заев ќе замине, а со нив ќе заминат и сите штетни политики и закони кои ги донесоа. Ова законско решение ќе биде вратено на сила и пензионерите ќе добијат повисоки пензии“.
Comments are closed for this post.