Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната средба со тутунарите во Големо Коњари, Прилепско зборуваше за иницијативата за недела да биде неработен ден и посочи дека власта го прави сето тоа во отсуство на креативни идеи, стратегија, визија, а во изобилие на многу криминал и пљачка и со ова власта сака да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми.

-Па јас сум повеќе да најдеме начин и механизам како на овие 50.000 луѓе кои што останаа без работа да има обезбедиме работа, пристојна работа, да отвориме повеќе фабрики, на овие луѓе тука да им обезбедиме пласман на производот кој што мака мачат да го создадат. Така што јас повеќе би сакал да разговарам за тие реални теми отколку за теми кои што навистина не гледам дека некому нешто му значат. Во отсуство на креативни идеи, во отсуство на стратегија, визија, план, а во големо изобилие на многу криминал и плачка на овој народ, Зоран Заев мисли дека на тој начин ќе направи дефокус на реалните теми. Така што  ајде да се концентрираме како на овие луѓе да им помогнеме како да им помогнеме да можат тие пристојно да ги прехранат своите семејства, како да обезбедиме развој за Македонија, како да отвориме повеќе фабрики и да ги вратиме на работа овие 50 илјади луѓе кои изгубија работа. Тоа е она за кое повеќе сакам да зборувам отколку вакви би рекол идеи на Зоран Заев кои се обидува во јавноста да ги презентира, а се со цел да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми, рече Мицкоски.