Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со објава на Фејсбук реагира на прес конференцијата на вицепремиерот Кочо Анѓушев дека 78,8 милиони евра во првите три месеци е влезен капитал на странските компании во земјата во првите три месеци.
Вицепремиерот посочи дека вкупно се градат 25 фабрики за кои странските компании внеле пари во нашата државата.
Според Мицкоски, никако да се препознаат владините „успеси“, од како што ги нарече епски размери
Вие немате проблем со мене туку со неуспесите, кои во овој случај се викаат очајни 21.6 милиони евра странски инвестиции за цели 3 месеци. Бројки и факти од официјална институција. И Ве молам кога ќе го прочитате ова не ги слушајте тие кои ќе Ви советуваат одговор со реминисценција на Никола Груевски. Од утре започнува третата година како сте Потпретседател на владата, заедно со Вашиот претпоставен Претседател, и за жал професоре не успеавте, тажно но вистинито…, одбројува часовникот, ќе слушнете и погледате многу лоши работи што се случија, а Вие можеби не сте знаеле, познавајќи Ве можеби и ќе се засрамите што имавте таков претпоставен неколку години од Вашиот живот, (затоа што веќе народот се срами одамна од овој човек) но не очајувајте не е толку лошо кога ученикот ќе биде подобар од професорот, бидејќи на крајот од денот, Македонија е пред и над се-напиша Мицкоски.
Comments are closed for this post.