Патниот и товарниот железнички сообраќај и денеска е во прекин поради штрајк на машинскиот персонал во Железници Транспорт.
Тие бараат зголемување од 30 до 40 проценти на надоместот на плата, што според нив, им следува согласно Колективниот договор за дополнителна работа и работење со намален број на извршен персонал.
За раководството на претпријатието, прекинот на железничкиот сообраќај е незаконски. Во соопштението што вчера беше испратено до јавноста беше наведено дека во изминатиот период се одржани повеќе состаноци со синдикатот на кои било укажано дека побарувањата од машинскиот и извршен персонал за зголемување од 30 на 40 проценти на надоместот на плата за квалитет, се надвор од финансиските можности на Друштвото.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вчера апелираше машиновозачите да продолжат со работа притоа нагласувајќи дека е подготвен повторно да преговара со нив, но, не по цена на уцени и нарушување и штета на работењето.
Comments are closed for this post.