Со звуците на македонскиот кавал, под слоганот „Богатство од стариот свет“ денеска и во следните два дена, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Сингапур се промовираат македонските вина. На манифестацијата специјално наменета за промоција на македонските вина, посетителите ќе може да ги дегустираат најквалитетните вина од повеќе македонски винарии.
![]()
На промоцијата се присутни сомелиери и претставници од најголемите дистрибутери на вино од Азија, што претставува добра можност за промоција и зголемување на извозот на македонското вино.
![]()
Претставници на МЗШВ, во април годинава имаа работна средба со економски тим од Сингапур, на кој се се дискутираше за конкретни активности за зголемување на трговската соработка помеѓу Република Македонија и Сингапур. Една од темите беше и пробивање на македонското вино на Сингапурскиот пазар, а прв чекор од дефинираните активности беше организација на ваков настан. Сингапур е една од најразвиените земји во светот со увозна вредност на вино од 250 милиони евра годишно.
Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Програмата за руралниот развој, за Мерката за поддршка на саемски манифестации годинава издвои 550.000 евра, а следната година оваа сума е планирано да се зголеми. МЗШВ ќе продолжи и понатаму со конкретни активности за пронаоѓање на нови пазари за македонските земјоделски производи и вина.






Comments are closed for this post.