Денеска ширум светот се слави светскиот ден на туристички водичи 21 февруари. македонската асоцијација на туристички водичи упати неколку барања со Владата. Го пренесуваме нивното соопштение во целост.

На денешен ден сите асоцијации и наши колеги во целиот свет го слават овој ден.Од ова место Скопје Република Македонија и ние Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници им упатуваме честитки со искрени желби за многу работа во престојниот период и подобрување на статусот на водичите во светот.

Туристичките водичи се културни амбасадори на својата земја и со својата работа допринесуваат во развивањето на туризмот  во својата држава и пошироко во регионот.Заради специфичноста и репрезентативноста на својата дејност ние сме од јавен интерес за државата.Но, за жал наместо на овој убав ден сите ние да сме горди на својата професија ние повторно сме заборавени од владата.

Македонската асоцијација  на туристички водичи и придружници јавно упатува неколку барања до владата за подобрување на статусот на водичите.

  1. Зошто и според кои критериуми туристичките водичи се иземени од 5 от пакет на економски мерки земајќи во предвид  дека се наогаме во тешка состојба заради пандемијата, а бевме вклучени во предходниот пакет на мерки.
  2. Бараме од ресорното министерство и владата да одговорат на нашите барања за решавање на нашиот статус.
  3. Бараме донесување на протоколи за работа во нашата дејност .
  4. Бараме од Министерството за Здравство по предходно наше барање да не внесе во листа на приоритетни категории за вакцинација.

На самиот крај уште еднаш го честитаме денешниот ден на сите наши колеги, велат од МАТВП.