На денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот говореше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев кажа дека Македонија ќе има најслаб економски резултат во регионот и Европа. Тој исто така кажа дека проекцијата за растот на БДП Владата го има промашено за 50 %. Пратеникот истакна дека од таканаречениот План на живот Владата нема остварено речиси ништо.
-Ова е најголемата лага која што Македонија ја видела изминативе 30 години. Ова се еден куп лажни ветувања кој што се дел од „План за живот “ во Македонија од кој што две букви нема реализирано. Ќе почнам со делот на економијата и сакам да кажам дека Македонија оваа 2018 година ќе има најмал економски раст во Европа односно раст од 1,8 %. Убедливо најслаб од 50 земји во Европа, објасни Ѓорчев.
Тој истакна дека во Планот на живот Владата ветувала дека Македонија ќе има просечен економски раст најмалку од 5 % во периодот на нивното владеење и кажа дека скоро сите ветувања што ги има дадено Владата во Планот за живот ги нема реализирано.
Исто така потсети дека министерот Тевдовски ветуваше раст на економијата од 3,2 % во 2018 година но секојдневно голем број на реномирани финансиски институции ја намалуваат стапката на раст на 2,1 според Европската Комисија и 1,6 % од страна на ММФ и Светска Банка што е за скоро 50 % помалку од проектираните 3,2 %.
Comments are closed for this post.