Според извештајот на Здружението на нафтени компании на Србија (УНКС) за цените на горивата во регионот, од 13 октомври 2025 година, Албанија и Грција го задржаа статусот на земји со најскапо гориво, додека Босна и Херцеговина Македонија и Бугарија се уште се меѓу најповолните,објави Блиц.рс

Просечната цена на бензинот BMB 95 во регионот е 1.429 евра за литар. Албанија бележи највисока цена со 1.779 евра, по што следува Грција со 1.756 евра, додека Србија е на третото место со 1.519 евра за литар.

По Србија следуваат Романија (1.491 евра), Унгарија (1.460), Словенија (1.405), Црна Гора (1.240), Хрватска (1.230) и Македонија (1.218), додека БиХ е најевтина со 1.189 евра.

Кога станува збор за дизел, просечната цена во регионот е 1.429 евра, а Србија е меѓу земјите со највисока цена – 1.566 евра за литар, веднаш зад Албанија (1.779) и пред Грција (1.546).

Freepik

Пониски цени на дизелот се забележани во Романија (1.533), Унгарија (1.507), Словенија (1.457), Хрватска (1.350), Црна Гора (1.240), Бугарија (1.204), БиХ (1.173) и Македонија (1.143).

За автогас на TNG, просечната цена во регионот е 0,729 евра за литар. Најскапи се Словенија (0,886 евра) и Унгарија (0,831), додека Србија е во средината со 0,797 евра.

Возачите во Албанија (0,588 евра) и Босна и Херцеговина (0,612 евра) плаќаат најeвтин гас.

Извор: Блиц.рс