Корупцијата и слабото владеење на правото остануваат главни проблеми во Македонија. Некои бизниси се жалат на нетранспарентни прописи и нееднакво спроведување на законот. Ниските даночни стапки и слободни економски зони помогнаа да се привлечат странски инвестиции, но овој процент е сеуште низок во однос на остатокот од Европа.
Ова се вели во најновиот Извештај на угледниот светски магазин Форбс, во кој Македонија е рангирана на шеесет и осмото место за водење бизнис за 2019 та година.
Во текстот за описот за државата пишува дека земјава од осамостојувањрто постигнала напредок во либерализацијата на својата економија и подобрување на деловното опкружување, но дека главен проблем остануваат корупцијата и владеење на правото
Ниските даночни стапки и слободни економски зони помогнаа да се привлечат странски инвестиции, но овој процент е сеуште низок во однос на остатокот од Европа. Корупцијата и слабото владеење на правото остануваат значителни проблеми. Некои бизниси се жалат на нетранспарентни прописи и нееднакво спроведување на законот, се вели во Извештајот.
Невработеноста останува постојано висока со околу 23%, но може да биде преценета врз основа на постоењето на сива економија, која се проценува дека е помеѓу 20% и 45% од БДП, што не е зафатено со официјалната статистика.
Македонија ја одржуваше макроекономската стабилност преку глобалната финансиска криза преку спроведување на прудентна монетарна политика, која ја одржува домашната валута поврзана со еврото, а инфлацијата е на ниско ниво. Меѓутоа, во последните две години, внатрешната политичка криза ги попречи економските перформанси, со забавување на растот на БДП во 2016 и 2017 година, а домашните приватни и јавни инвестиции опаѓаат.
Инаку на прво место во светот за водење бизнис е Англија, потоа следуваат Шведска, Хонг Конг, Холандија, Нов Зеланд , Канада , Данса, Сингапур, Австралија и Швајцарија.
Словенија е на 31 место, Грција на 42 место, Бугарија на 46 место, Хрватска на 52 место, Србија на 56 место. Македонија на листат е во друштво со Сејшели, Колумбија и Јордан.
Comments are closed for this post.