Луѓето во иднина  ќе работат четири часа на ден,  а можеби и само четири дена во неделата, вели основачот на Alibaba Џек Ма.

“Дедо ми работеше 16 часа дневно на фармата и мислеше дека е премногу зафатен. Ние работиме осум часа, пет дена во неделата и мислиме дека сме премногу зафатени”, вели Ма, еден од најбогатите луѓе во светот.

Овој став на Ма е изненадување за оние кои го следат еден од најголемите бизнисмени во светот, бидејќи Ма  до неодамна се залагаше за работен ден од 12 часа, шест дена во неделата, и поради тој став претрпе многу критики.

Основачот на “Алибаба” тврди дека е најдобро да се работи од девет наутро до девет во вечерните часови и дека еден ден е доволно за одмор.