Ние сме носители на напредок, развојна економија, просперитетна држава, рече носителката на изборната единица 2 Сања Лукаревска од коалицијата „Можеме”, која денеска оствари повеќе средби со граѓани и компании во Куманово.
Таа нагласи дека добрата соработка со компаниите и навремениот, неселективен поврат се исклучително важни во креирањето развојна економија. Поддршката на компаниите и вработените, најави дека ќе продолжи за што предвидуваат 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 милиони од европските фондови.
– Минималната плата од девет илјади денари за само три години ја искачивме на 14.500 денари. Во наредниот мандат платите и пензиите ќе растат. Минималната плата ќе ја покачиме на 20 илјади денари, а просечната плата до крајот на мандатот ќе се искачи на 34 илјади денари, посочи Лукаревска.
Таа истакна дека креираат политики што ќе обезбедат услови за успешен млад претприемач, успешен спортист, доктор кој останува да работи во нашите болници, иноватори.
– Ги поттикнуваме младите и жените да отвораат сопствени фирми со грантови до 15 илјади евра. Принципот 50/50 што го промовираме во сите сфери на општеството значи еднакви права за жените и мажите, eднакви плати за жените и мажите, eднакви обврски за жените и мажите, рече Лукаревска.
Лукаревска денеска во Куманово разговараше со компании корисници на економската мерка за исплата на плати за април и мај, како и на субвенциите за покривање на придонесите до шест илјади денари, со цел исплата на повисоки плати.
Со младите во Куманово, таа разговараше за поддршката на младите и нивното активно вклучување во македонската развојна економија.
– Парите ги враќаме на граѓаните преку многу мерки за поддршка, преку изградба на современа инфраструктура. Куманово добива целосно ново „стрит бол“ игралиште, а со финансиска поддршка од Програмата за рурален развој интензивно се работи на пристапен пат и уредување на локацијата Студена вода со урбана опрема за спорт и рекреација, додаде Лукаревска.
Comments are closed for this post.