Вчера бевме сведоци на етаблирањето на апсолутизам во Македонија од страна на Заев. Уште еднаш се потврди дека со Заев наместо реформи и напредок на земјата се случува континуирано пропаѓање на преспективите и вредностите, истакна Ане Лашкоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вчера се устоличи во султан, и на премиерската позиција си ја придодаде и функцијата министер за финансии. Замислете Зоран Заев, аболицираниот за финансиски криминал , човекот кој го видовме како нелегално бара едно евро за Вицето, едно за црквата, стана министер за финансии, односно ќе стане од среда министер за финансии, кој непосредно ќе располага со парите на граѓаните, вели Лашкоска.

Од оваа среда семејството Заеви, Зоран Заев и веројатно Вице Заев ќе имаат управа над 10 клучни институции. Управувањето со ова министерство директно од страна на Заев, значи дека со него тој лично воспоставува контрола и врз институции како Царина, УЈП, Финансиска полиција, Управа за финансиско разознавање, Секторот за трезорско работење, Игрите на среќа, Централниот регистар, Управата за имотно правни работи, стоковите резерви, управување со јавен долг, системот за банки и штедилници, системот за девизно работење, системот за ревизија, и неколку помали други институции. Ова значи дека безмалку целиот финансиски сектор во државата е чекор поблиску за контролирање од страна на кланот Заеви.

Епа среќна нова 49та. Заеви управуваат со милијардите на граѓаните.

и