Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара Владата и Министерството за информатичко општество и администрација да се откажат од идејата за трансфер од јавен во приватен сектор, бидејќи како што велат, идејата воопшто не е издржана, а уште потешко е да се имплементира во пракса.
Во соопштението на Синдикатот се наведува дека Владата треба да се насочи кон други мерки што ќе помогнат да се пополнат дефицитарните кадри во приватниот сектор, а не преку трансфер на вработените од јавниот сектор.
Да се замрзнат вработувањата во јавниот сектор, а не да се вработуваат нови партиски и нестручни кадри, а потоа да ги “трансферираат” оние кои имаат подолго искуство. Вработените во јавниот сектор се изложени на постојан притисок со „трансферот”, а досега нема предложено никаков конкретен модел, соопштуваат од Синдикатот.
Посочуваат дека пазарот на трудот е отворен и секој кој сака може да работи и во приватен и во јавен сектор, а Владата со конкретни мерки да помогне на работодавачите за да може приватниот сектор да биде попривлечен и одливот на вработени ќе се реши по природен пат, а не со мерка која е вештачка и не одговора ниту на работодавачите, ниту на работниците
Comments are closed for this post.