Итните потреби за средства граѓаните сè повеќе ги покриваат со позајмување од финансиските друштва. Над 120 илјади корисници ја препознале предноста и им ја дале довербата на финансиските друштва што нудат брзи кредити за клиентите. Најчеста сума што ја барале е до 30 илјади денари, а каматата што ја нудат финансиските друштва е до пет проценти. Корисници се оние на кои им требаат итно средства и немаат време да ги бараат по традиционалните канали во банките.
– Пристап до услугите 24/7, најповолни услови за микрокредитирање без дополнителни трошоци, минимум потребна документација, брз и лесен начин на аплицирање, транспарентност во работењето, односно немање скриени трошоци, широка мрежа партнери каде што може да се купува преку, присутно со експозитури во поголемите градови, ги наведуваат од Иуте кредит како предности зошто граѓаните избрале да бидат нивни клиенти и да ги користат нивните услуги.
Забележуваат дека има пораст на издадени кредити за 100 проценти во однос на претходната година и оти се зголемува довербата на граѓаните кон нивните услуги поради транспарентниот начин на работење и оправданоста на трошокот со брзината на услугата.
Истакнуваат дека најбарани се кредитите меѓу 3.000 и 100.000 денари и наменските кредити за купување на 24 рати, а меѓу корисниците се сите што имаат итна потреба од финансиски средства, а притоа ја имаат увидено предноста од брзината и комфорот во услугите споредено со онаа на традиционалните финансиски институции
Comments are closed for this post.