Замислете, во Одборот на доверители при стечајот на Еуростандард банка е влезена и Народна банка. Прашувам – што бара Народна банка да биде во Одборот на доверители? Одговорот е еден, нема други причини, освен да се контролира севкупниот тек на стечајот во банката, вели Трифун Костовски, еден од сопствениците на Еуростандард банка во своја колумна за Либертас.
Костовски вели дека Народна банка не применила процедури кои морала да ги примени со цел само да ја ликвидира банката.
А причина? Нема друга причина, таа е јасна, а тоа е да не се откријат крајните корисници на 100-те милиони евра украдени пари. Замислете, во Одборот на доверители при стечајот на Еуростандард банка е влезена и Народна банка. Прашувам – што бара Народна банка да биде во Одборот на доверители? Почитувани, одговорот е еден, нема други причини, освен да се контролира севкупниот тек на стечајот во банката. Доказ за оваа моја констатација е фактот што извештајот изготвен од стечајниот управител, Душко Тодевски е копија на истиот од Народна банка што го пласираше во времето кога ја однесе банката во стечај. Народна банка не сака да остави ништо на случајот и во дадениот момент се јавува како тотален егзекутор на Еуростандард банка, вели Костовски.
Костовски, како што вели, ги поддржува физичките и правните лица оштетени од стечајот на Еуростандард банка во нивното барање за изземање на Фондот за исплата на штедни влогови од стечајната маса на банката.
Сосема легитимно и на место е, бидејќи тие имаат првенство при наплатата од стечајната маса. Нема потреба од создавање на финансиски фондови ако тие не бидат наменети за граѓаните или пак законодавецот смета дека ЕСБ не е последната банка што отишла во стечај, туку ќе следат и други банки. Ваквите прашања поставувајте ги на госпоѓата Бежоска, вели Костовски.
Comments are closed for this post.