Во овој момент не се размислува за седми пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од корона кризата, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Разговори ќе имаме. Секојдневно разговарам со стопанските комори и ако навистина тоа е нужно ќе направиме одредена мерка зашто не знаеме колку ова привремено лимитирање на движење на граѓаните ќе влијае. За жал сме и во предизборен период и секоја мерка може да се протолкува различно и затоа нема да кажам дали ќе има или нема да има мерка. Само потврдувам дека се разговара и ако е вистински потребно заедно ќе ја донесеме, рече Битиќи во одговор на прашање при денешното означување на почетокот на тендерската постапка за изградба на клучка на крстосницата меѓу булеварот „Словенија“ и „Качанички пат“.
Тој посочи дека здравјето на граѓаните е пред сè.
-Ако треба да се прави компромис помеѓу економска мерка за угостители и здравјето на граѓаните, здравјето на граѓаните е пред се, потенцира Битиќи.
Порача дека и претходно докажале дека секој загубен денар во секој сектор ќе се врати кога тоа ќе биде потребно.
-Затоа ќе седнеме и ќе разговараме. Сметам дека во овој момент сите треба да сме подготвени нешто да оставиме наспроти борбата што не чека против енормното зголемување на бројот на заразени од коронавирусот и секојдневната борба за живот која е многу поважна од се друго, рече Битиќи.
Порача дека и досега угостителскиот и туристичкиот сектор е помаган. Во изминатите пакети, како што кажа, овој сектор е потпомогнат со повеќе од 14 отсто од вкупната помош која е дадена во стопанството, наспроти нивниот придонес во БДП кој е многу помал
Comments are closed for this post.