Форбс ги ажурираше податоците за 2018 за  листата на најбогатите луѓе на светот.

Најбогат човек е Џеф Безос (54) , основач на компанијата Амазон за онлајн трговија. Тој е се побогат , така што за последните две години неговото богатство тројно се зголеми и изнесува 112 милијарди долари. Безос е на првото место, откако на тронот на најбогатите го замени Бил Гејтс , основачот на интернет компанијата Мајкрософт.

Гејтс (63) беше на првото место на листата на Форбс цели 18 години, а сега е втор со богатство проценето на 90 милијарди долари.

На трето место е Ворен Бафет (88) со богатство проценето на 84 милијарди долари , пред се поради мнозинската сопственост на компанијата Berkshire Hathaway.

По него следува Бернард Арно (69) со 72 милијарди долари богатство , како соственик на француската компанија LVMH што е кратенка од Moët Hennessy – Louis Vuitton S.A , која поседува над 60 луксузни брендови. Тој воедно е и најголем губитник годинава со загуба од 735 милиони долари.

На петтото место е се побогатиот Марк Цукерберг (34) , соосновач на најпопуларната социјална мрежа Фејсбук со богатство од 71 милијарда.

Меѓу оние кои годинава најмногу заработиле , на листата е  Шпанецот Амансио Ортега , основач на модната куќа Zara со добивка од 1,3 милијарди годинава и вкупно богатство од 70 милијарди долари , со што го зазеде шестото место.

Најголем пад на богатствотото годинава доживеала богатата швајцарска наследничка Ева Марија Бухер , сопственичка на дел од софтверската компанија CA Technologies и продажба на автомобили AMAG, која ги продава автомобилите на Volkswagen, Audi, Bentley и Porsche.

Од минатогодишната листа најмногу изгубил Лари Елисон , основач на софтверската команија Oracle, па поради загубата од 816 милиони долари се спушти од ланското шесто на сегашното десетто место на најбогати луѓе во светот со 58,5 милијарди долари.