Иницијатива подготвуваме од порано, ги гледам секојдневно активностите на градилиште. Градежните работници најчесто заболуваат од кардиоваскуларни болести. Паузата на градежните работници е дури во 12 часот. Има и несоодветни услови за работа. Летно време има прашина, дождови не накиснуваат. Неквалитетна исхрана, летно време 45 степени армираната плоча испушта топлина, работникот е како под вршник. Градежните работници работат и на минусни температури. На 21 февруари на прес-конференција ќе побарам за градежните работници бенефициран стаж. Ненормални услови за работа постојат“ – вели Атанас Трајковски – претставник на ГРИТГ во Студио 10 на ТВ24.