Регулаторната комисија за енергетика наредната недела ќе објави нова цена за стандардниот приклучок на струја, којашто, според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, ќе биде пониска од 400 евра, како што беше претходно најавено.
Бислимоски денеска информираше дека е во завршна фаза усвојувањето на новите цени за приклучоците.
– Ветивме дека тоа ќе почне од 1 октомври, но во последниот период го препроверуваме ценовникот што ни го достави ЕВН и во текот на наредната недела ќе ги објавиме новите цени, пониски од тие што ги најавивме и тоа е причина што малку го одолговлековме ова усвојување. Наредната недела ќе бидат објавени новите цени за стандардните приклучоци за струја кои ќе бидат пониски и од најавената сума од 400 евра. Исто така ќе објавиме и дека кај 90 проценти од потрошувачите ќе има намалување на цените за приклучоци кои ќе бидат пониски од најавените 400 евра. Ќе има дополнителни намалувања. Во завршни дискусии сме со претставниците од Електродистрибуција, рече претседателот на РКЕ, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.
Comments are closed for this post.