Предлог законските измени во Законот за работни односи, со кои неделата ќе биде прогласена за неработен ден, освен ако со друг закон или колективен договор не е одредено поинаку, на крајот на оваа недела, односно во петок, треба повторно да се „чешлаат“ на Економско-социјалниот совет, каде членуваат претставници на власта, на работодавачите и на синдикатите, пишува Фактор.мк.

Онака како што сега стојат работите, факт е дека газдите од областа на трговијата и угостителството сметаат дека ќе биде штетно за нивните сектори да бидат принудени да се откажат од неделниот промет, а многу блиску до нивните ставови е и министерот за економија Крешник Бектеши.

Пред неколку дена, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, чиј ресор, пак, всушност го подготвуваше законското решение, изјави дека ова министерство, претставници на синдикатите, работодавачите и коморите дошле до  некои заклучоци и сугестии во врска со прашањето недела да биде неработен ден, како и дека тоа прашање треба да се отвори на Економско-социјалниот совет.

Целиот текст овде.