Зголемувањето на пензијата од 26-ти јануари, во номинална вредност изнесува 185 денари на ниво на просечна пензија и 134 денари на ниво на најниска пензија“, објавија од Министерството за труд и социјална политика, додавајќи дека пензионерите со јануарската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот кои во второто полугодие од 2020 година во однос на првото полугодие истата годинa изнесуваат 1,2%.

„Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата. Почнувајќи од 2019 година покрај редовното усогласување се предвидува и дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%“, велат од МТСП.

 

 

Пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.01.2021 година (вторник);

– За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплата да се изврши на 27.01.2021 година (среда);
– За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплата да се изврши на 28.01.2021 година (четврток), и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.01.2021 година (петок).