УЈП треба да врати околу 382 милиони денари или 6,1 милион евра, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.
Таа информира дека повратот на ДДВ од мерката „Викенд без ДДВ“ е исплатен, освен во случаите каде што има проблеми со трансакциската сметка.
Во делот на оние 5000 корисници на „Мој ДДВ“, неопходно е да се направи корекција, доколку одредени лица смениле банка – рече Лукаревска.
Таа најави дека наскоро ќе биде промовирана и новина во делот на „Мој ДДВ“, која што ќе се однесува на самиот систем ЕПДД.
Comments are closed for this post.