Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи раст од 2,1 проценти, а во периодот јануари – август годинава во однос на тој период лани раст од 5,1 процент, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст од 1,0 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,8 отсто.
Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на прехранбени производи, текстил, облека, метали, машини и уреди, неспомeнати на друго место и производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст кај енергијата за 1,9 отсто, капиталните производи за 8,3 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 12,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за два отсто.
Comments are closed for this post.