Индустриското производство во септември годинава, во однос на септември 2019 година бележи пад од 3,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци индустриското производство во периодот јануари – септември 2020 година, во однос на периодот јануари – септември 2019 година, бележи пад од 12,1 отсто.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање од 9,7 отсто, во преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,9 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13,2 отсто.
Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, електрична опрема и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 12 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 26,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,1 отсто, додека пораст бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за пет отсто и Капитални производи за 2,4 отсто.
Comments are closed for this post.