Идната Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обврзува на изградба на нов автопат Велес преку Прилеп до Битола, проект со кој конечно Пелагонија нема да биде слепо црево во државата, објави ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Овој автопат е барање на бизнис секторот и на сите граѓани од овој дел на Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го изгради во својот мандат. Со ова автопатско поврзување од Прилеп до Скопје ќе се патува за само 1 час.СДСМ со Зоран Заев и министерот Горан Сугарески ја стопираа изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско, проект кој го започна минатата Влада и кој конечно требаше да овозможи полесно поврзување со остатокот од државата, но и да се спречат несреќите на овој патен правец кој досега зеде голем број на жртви. ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува дека покрај изградбата на нов автопат Велес-Прилеп-Битола, ќе се доизгради и експресниот пат Приле-Градско, со што ќе се создадат услови за влез на нови инвестиции во Пелагонискиот регион, како и услови домашните компании да ги прошират производствените капацитети, објави на Фејсбук ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп