Новата фабрика на Фолксваген ќе биде изградена во Маниса, во близина на Измир, Турција. Ова го потврдија извори од германската влада во германска национална телевизија, објави бугарската 24 часа.
Турција ги прифатила сите барања на компанијата и дури направила некои невообичаени отстапки, објави телевизијата. Една од нив е турската државна гаранција за инвестицијата.
Турција ја победи Бугарија главно поради големиот домашен пазар, посочуваат новинарите. Само на домашниот пазар (во Турција) се очекува да се продадат 40.000 лимузини “Passat” годишно. Повеќето од нив ќе бидат купени од државата за потребите на администрацијата.
Одлуката беше донесена и покрај големото противење на работничкиот совет на германскиот концерн. Ова е телото кое ги застапува интересите на работниците во компанијата. Советот беше крајно критичен за почитувањето на правата на работниците во Турција, како и авторитарниот стил на владеење на претседателот Ердоган.
Договорот се очекува да биде потпишан кон крајот на септември или почетокот на октомври.
Comments are closed for this post.