Една третина од жените веруваат дека нивната припадност е да имаат деца и да се грижат за домот и семејството а на заден план им е заработувачката, додека мнозинство од жените, 52,8 отсто, се согласуваат дека домаќинските обврски ги спречуваат да работат надвор од домот. Ова го посочи Весна Ивановиќ, раководителка на канцеларијата на „UN Woman“ во Скопје на денешната промоција на видео кампањата „Дали знаеш?“ изработена од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Видеото е во рамките на проектот „Жените имаат права“, а е финансиран од Европската унија „UN Woman“.
Целта на проектот е подигнување на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминацијата врз жената.
Според податоците од Државниот завод за статистика за 2018 година, вкупниот број на вработени жени лани биле 39,6 отсто. Половина од жените се надвор од пазарот на труд, а доколку се вклучени во пазарот на труд, во најголем дел се соочуваат со дискриминација, рече Ивановиќ.
Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, појасни дека во 2015 и 2016 година имало исклучително голем број на убиства на жени од страна на нивните поранешни или сегашни партнери или членови на нивното потесно семејство, и затоа, како што кажа, во нашата држава се уште нема соодветен одговор на барањата за жените што би довеле до нивна правна и реална еднаквост во општеството
Во видеата се осврнуваме на главните аспекти што значат некаков пристап до различни услуги или пристап до правда, и ќе сфатите дека всушност станува збор за еден системски недостаток на една системска некултура и на немање свест, пред се на оние кои треба приоритетно и кога на жената и е потребно, да ја пружат соодветната помош. Тука мислам на жените кои се жртви на семејното насилство, за кои ниту полициските службеници ниту вработените во центрите за социјална работа не се огласуваат на начин на кој на жената би и овозможил да го надмине стресот, физичката болка, траумата, ниту пак постои некое советување што понатаму ќе и помогне да се реинтегрира во општеството, рече Пировска.
Додаде дека се соочуваме со голема бројка на девојчиња кои рано стапуваат во брак, затоа се исклучуваат од образование и немаат пристап до какви било информации или услуги што понатаму би довеле до нивна еманципација и активно дејствување во општествената сфера
Comments are closed for this post.