Ако  еден турист располага со 50 евра, за колку часа ќе му стигнат? – ваква пресметка направи еден британскиот сајт за туристички патувања( alpharooms) кој ги истражувал цените во 12 најпосетените градови во Европа и Турција.

Најбрзо парите ќе бидат потрошени  во Лондон во 12.30 часот. Во британската престолнина за 24-часовен престој  потребна е повеќе од двапати поголема сума, покажува истражувањето. Во Рим и Виена парите ќе стигнат до кон 15 00 часот попладне. Во Истанбул, Прага и Анталија ќе мора да поминат до полноќ

Авторите на оваа анализа ги одбрале најпосетуваните  дестинации, а во анализата  вклучиле трошоци за појадок, ручек и вечера, за едно пиво, еден коктел, два билети за јавен превоз и две платени атракции.

Ако се земе предвид само храната, најскапо е во Париз – во просек 57.96 евра на ден. Лондон е втор со 57,10 евра, а третиот е Рим со 52,35 евра. Најевтино е во Прага (23.93 евра), Истанбул (22.35 евра) и Анталија (17.32 евра)