Поранешниот гувернер на Македонија, Петар Гошев упати остри критики кон владата поради укинувањето на прогресивниот данок, нарекувајќи ја нестабилна и несериозна.

Владата имала доблес да се корегира и да признае грешка, вакви мерки се транспаренти кои велат „со нас нема стабилни политики, нема здрави калкулации на компании и на инвеститори. Може преку ноќ било која мерка да се донесе спротивна на било која.“ Како опозоција 11 години тврдеа дека рамниот данок не е добар, а сега го враќаат. Со крвопролевање дојдоа на власт, во тие 11 години тврдеа дека нееднаквоста се шири до невидени размери и конечно кога се направи симболична мерка, тие ја повлекоа, вели Гошев за „Локално“.